Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид планира ова лето да купи нов напаѓач затоа што Карим Бензема влегува во последните години од кариерата, а тренерот Карло Анчелоти веќе разговарал со претседателот Флорентино Перез на таа тема.
Шпанските медиуми пишуваат дека фаворит на Анчелоти за нов напаѓач бил Хари Кејн од Тотнем, кој не е среќен во лондонскиот гигант.
„АС“ објави дека Анчелоти и Перез ќе се обидат да го договорат трансферот на Кејн, кој не би имал ништо против да го облече „кралскиот дрес“.
Доколку не успеат во битката за Кејн, „кралевите“ ќе тргнат по потписот на Хоселу кој би бил поддршка на Бензема во идната сезона, а потоа тргнува нападот по Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.