Анчелоти испрати порака до фудбалер на Реал Мадрид кој се жалеше за неговата позиција


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Италијанецот Карло Анчелоти пред натпреварот меѓу Реал Мадрид и Севилја на „Рамон Санчез Писхуан“ испрати порака до Родриго.

Бразилецот кажа дека не е во најдобра форма на почетокот на сезоната затоа што не игра на неговата природна позиција.

Родриго најде „оправдание“ за неговите лоши настапи, но на ова реагираше и тренерот на „кралскиот клуб“.

„Важно е да знаеме каде сака да игра еден фудбалер, јас никогаш не сум ставил некого на позиција на која не се гледа. Сепак, некогаш мора да се жртвувате за клубот. Тоа го прави Чуамени, тоа го правеше Камавинга, а сега го прави и Родриго. Тој е комплетен напаѓач за мене. Може да направи многу работи на теренот“, кажа Анчелоти.