Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид и оваа сезона ќе се бори за сите титули, а тренерот Карло Анчелоти најверојатно го предводи клубот за последен пат во кариерата.
Како негови наследници во изминатиот период се споменуваа неколку имиња, а најмногу акцент се ставаше на Чаби Алонсо и Раул.
Алонсо има одлични резултати со Баер Леверкузен во Бундеслигата, но Анчелоти наводно разговарал со претседателот Флорентино Перез и му дал совет за тоа кој би бил идеален наследник.
Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти го посочил тренерот на Брајтон, Де Ѕерби како идеално решение откако младиот тренер го воодушеви светот со неговите резултати во премиерлигашот.