Анчелоти изненаден: Барселона имаше среќа, чудно е да се видат во вакво издание


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Реал Мадрид доминираше во „Ел Класико“, но зауби со 0-1 од Барселона, па ќе бара триумф во реваншот од полуфиналето на шпанскиот Куп.

„Кралевите“ примија гол по една грешка на Камавинга, откако топката го погоди Милитао и заврши во мрежата на Куртоа.

Тренерот Карло Анчелоти е оптимист и очекува неговиот тим да игра добро и во реваншот, но овој пат да победи и да го елиминира вечниот ривал.

„Одигравме добар натпревар, вршевме пресинг, но ни недостигаше гол. Тие не направија ништо на теренот и имаа среќа. Не верувам дека Барселона пак ќе игра толку дефанзивно. Беше навистина чудно да ги види човек во ваков издание“, кажа Анчелоти.