Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид претрпе уште еден тежок удар. Кралевите лесно загубија од Ливерпул со 0-2, што уште еднаш ја доведе под знак прашалник иднината на Карло Анчелоти на клупата на шпанскиот шампион.
Карло Анчелоти лесно би можел да стане поранешен тренер на Реал Мадрид. Тимот не покажува константност, лесно губи натпревари, особено оние важните, па во Мадрид се сѐ повеќе уверени дека искусниот Италијанец наскоро ќе биде поранешен.
Многумина сметаат дека ситуацијата излезе од контрола. Меѓу нив е и некогашниот фудбалер и спортски директор на клубот Предраг Мијатовиќ.
„Анчелоти ја изгуби контролата над тимот. Претерано многу слуша луѓе од страна“, смета Мијатовиќ.
Интересно е како во јавноста се појавува информација дека раководството на клубот има комплетна доверба во прочуениот стручњак. Сепак, замена за него е подготвена, а тоа е Сантијаго Солари.
Веќе со недели наназад Флорентино Перез размислува за смена на Дон Карло. Тоа на крајот може и да се случи ако нешто не се промени наскоро.
„Ми беше кажано дека веќе пред неколку недели на Сантијаго Солари му соопштиле да биде подготвен за секој случај. Тој е тренер ако Анчелоти добие отказ“, рече новинарот Роберто Моралес.