Анчелоти ја освои Ла Лига, но има поголема цел: Од тоа нема поголем мотив!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше задоволен по победата против Кадиз (3-0) со што ја обезбеди титулата во Ла Лига.

Анчелоти кажа дека е среќен поради освоената титула, меѓутоа има поголема цел за оваа сезона, а тоа е пехарот во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Од тоа што можам да го забележам, сите сме мирни. Ќе имаме време за прослава, но сега мора 100 отсто да се насочиме на мечот во среда. Имаме голема можност, играме 90 минути дома и можеме да се пласираме во финалето на лига на шампиони. Нема поголем мотив од тоа“, кажа Анчелоти.