Анчелоти: Јас го тренирав Роналдо две години и немав проблеми!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти му даде поддршка на Кристијано Роналдо кој беше критикуван од португалската јавност поради неговиот однос на теренот.

Роналдо беше преместен на клупата за резерви по критиките и доби кратка минутажа против Јужна Кореја, па го искажа своето незадоволство.

„Не знам каде е проблемот. Јас го тренирав Роналдо две години и никогаш не сум имал проблеми со него. Тренира како што треба и можеби мисли дека има 20 години, но со право затоа што се грижи за неговото тело во текот на цела кариера“, вели Анчелоти.