Анчелоти кажа кој е виновен за поразот од Жирона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Жирона со 2-4 во меч кој ќе се памети уште долго по Тати Кастељанос.

Кастељанос постигна дури четири гола против „кралевите“ и стака прв фудбалер по пауза од 76 години кој направил такво нешто.

Тренерот Карло Анчелоти по мечот се помири дека ги загубиле шансите за титулата бидејќи имаат 11 бодови помалку од Барселона.

„Овој пораз е болен. Ова беше тешка вечер. Сите беа виновни, сите одиграа под своето ниво. Бевме нервозни и ги губевме дуелите. тоа што го видовте, не беше тим. Им се извинувам на навивачите“, кажа Анчелоти.