Анчелоти кажа што ги чека Модриќ и Крос во следната сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид се подготвува за новата сезона, а тренерот Карло Анчелоти треба да изгради тим кој ќе ги нападне сите титули.

„Кралевите“ ова лето ангажираа неколку засилувања, меѓу кои и Џуд Белингам кој треба да го освежи средниот ред каде што со години доминираа Тони Крос и Лука Модриќ.

„Ништо нема да се смени во улогата на Модриќ и Крос. Тие се фудбалери со големо искуство. Во нашиот состав ќе служат за пример. Му помогнаа на тимот и така ќе биде и следната сезона. Немам одговор колку голема минутажа ќе им дадам, но ќе имаат важна улога на теренот“, кажа Анчелоти.