Анчелоти кажа во кој клуб сака да ја заврши кариерата


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид в сабота ќе се соочи против Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), а Карло Анчелоти даде интервју за „Република“ пред дербито.

Анчелоти кажа дека кариерата ќе ја заврши во Реал Мадрид, но сака да освои уште една титула во ЛШ.

„Мојата кариера ќе заврши во Реал Мадрид, но прво сакам да освојам уште една титула во Лига на шампиони“, кажа Анчелоти.