Анчелоти ќе добие само едно засилување, а мора да продаде седум фудбалери!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Карло Анчелоти вчера официјално беше потставен за нов тренер на Реал Мадрид, а еден ден подоцна се знаат неговите први потези во клубот.

Извори блиски до „кралскиот“ клуб откриваат дека Реал ова лето ќе се раздели со седум играчи, а меѓу нив најзвучни имиња се Серхио Рамос, Рафаел Варан и Иско.

Останатите четворица кои ќе заминат не се познати на јавноста, иако се претпоставува дека станува збор за Лука Јовиќ, Дани Себаљос, Мариано Дијаз и Мартин Одегард.

Интересо е тоа што Анчелоти јавно ја критикуваше одлуката на клубот да го ангажира тинејџерот од Норвешка уште во 2015 година.

Засега ќе останат Еден Азар и Герет Бејл, кој својата најдобра сезона ја имаше токму под водство на Карло Анчелоти.

Единствено засилување на „кралевите“ ќе биде Килијан Мбапе, за кој Флорентино Перез ќе собира пари со продажба на веќе споменатите играчи.