Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти има позитивен тест на ковид-19 и поради тоа најверојатно ќе го пропушти мечот против Челси во Лигата на шампиони (ЛШ).
Шпанските медиуми пишуваат дека синот на Анчелоти, Давиде би можел да го замени татко му на мечот против актуелниот освојувач на ЛШ.
Анчелоти ќе го пропушти мечот против Селта виго во Ла Лига, но тешкиот испит доаѓа следната недела на „Стемфорд бриџ“, каде што гостуваат кај Челси.
Натпреварот е закажан за 6 април, а Давиде би можел да добие шанса бидејќи работи со Карло долго време и има собрано големо искуство од неговиот татко.