Анчелоти ќе игра со друг напаѓач за да го одмори Бензема!

Со доаѓањето на Карло Анчелоти во Мадрид беше променета формацијата на Реал, па така „кралевите“ користат само еден напаѓач. Лука Јовиќ трпеливо ја чека својата шанса, а конечно би можел да ја дочека вечерва.

Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти планира да одмори неколку фудбалери против Осасуна, а шанса ќе му даде на српскиот напаѓач.

Карим Бензема би требало да остане на клупата, а шанса во првиот состав ќе добие Србинот, кој треба да го покаже својот квалитет.

Интересно е тоа што Јовиќ досега постигна два гола во исто толку сезони во Мадрид, а еден од головите го даде токму против Осасуна.

Бензема од можни 1.080 минути на теренот, ги одигра сите, па сега Французинот ќе мора малку да одмори.