Анчелоти ќе ја менува формацијата, една ѕвезда ќе биде незадоволна од потегот!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Реал Мадрид го совлада Штутгарт на почетокот на новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот Карло Анчелоти не беше задоволен од настапот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти планира да направи промена во екипата која нема да ѝ се допадне на една ѕвезда на клубот.

Анчелоти наводно планирал во следните натпревари да игра со четири фудбалери во средниот ред, односно со Белингам, Камавинга, Чуамени и Валверде.

Доколку се случи такво нешто, тогаш еден од напаѓачите ќе биде „жртвуван“, а најверојатно то аќе биде Родриго.