Анчелоти ќе прослави голем јубилеј против Манчестер сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид вечерва ќе го пречека Манчестер сити во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампиони (ЛШ).

Карло Анчелоти вечерва слави и голем јубилеј, односно ќе го има 200. меч во елитното натпреварување.

„Граѓаните“ доаѓаат со ослабена одбрана во Мадрид и се надеваат дека ќе го преживеат тешкото гостување на „Сантијаго Бернабеу“.

Анчелоти е еден од најдобрите тренери во историјата на ЛШ и има освоено четири пехари во натпреварувањето.