Анчелоти ќе задржи еден од „отпишаните“ фудбалери!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти кажа дека нема потреба од анализа на мечот против Бетис, кој заврши 0-0 во последното коло од шпанската Ла Лига.

Вчера на теренот за последен пат заиграа Иско и Марсело, иако Анчелоти вели дека уште ншто не е готово и смета дека Бразилецот има шанса да остане во екипата.

„Марсело е наш капитен и лидер. Ако на крајот реши да се збогува, тоа ќе значи дека си оди еден од најдобрите бекови во светот. Но, јас мислам дека Марсело преговара со клубот“, објасни Анчелоти.

Герет Бејл не беше дел од тимот и не се збогуваше од домашната публика, а летово ќе си бара нов тим, додека по исти стапки ќе тргне и Иско.