Анчелоти контра Фиго: Фудбалерите ќе прифатат помала плата ако играат помалку натпревари


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Луис Фиго кажа дека играчите, кои се жалат на густиот распоред, треба прво да си ги погледнат платите пред да најавуваат штрајк.

Фиго кажа дека фудбалерите треба да добијат помали плати ако не играат многу натпревари, а на тоа веднаш му одговори тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти.

„Ќе го повторам тоа што веќе го кажав. Фудбалот мора да забави, погледнете што се случува, се игра премногу. Играчите мораат да играат помалку за да избегнат повреди, нема да имаат проблем ако им се намалат и платите“, кажа Анчелоти.