Анчелоти: Кројф и Зидан? Не, Белингам ми личи на еден друг човек!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид вчера оствари нов триумф во Ла Лига и се искачи на првото место каде што има подобра гол-разлика и ист број на бодови со Жирона.

Најголема ѕвезда на „кралевите“ во моментов е Џуд Белингам, па поради тоа новинарите го прашаа тренерот Карло Анчелоти на кого го потсетува Англичанецот.

Иако многумина го споредуваат со Јохан Кројф и Зинедин Зидан, сепак Анчелоти смета дека личи на друг играч.

„Ги гледав Кројф и Зидан, но Белингам ме потсетува на Кака. Има нешто идентично од неговата игра. Не велам дека се исти, но имаат заеднички работи“, вели Анчелоти.