Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Реал Мадрид денеска од 16:15 ќе игра натпревар од 38-то коло на шпанското првенство на стадионот “Сантијаго Бернабеу” против Реал Сосиедад. Ова ќе биде последна можност за навивачите да го видат Лука Модриќ на стадионот во Мадрид и да се простат од него.
Капитенот на тимот ќе го води Реал и на Светското клупско првенство, но денешниот натпревар е последната шанса за овации со кои многупати досега бил испраќан од игра. Тренерот на тимот Карло Анчелоти тоа ќе му го овозможи.
Тоа го открива дел од шпанските медиуми со тврдење дека Анчелоти му открил на Модриќ како тоа планира да го направи.
Анчелоти го изнел својот план за натпреварот против Реал Сосиедад, кој вклучува специјален гест кон Лука Модриќ. Целта е навивачите собрани на “Сантијаго Бернабеу” со овации да го испратат хрватскиот играч од средниот ред.
Фото: Grok AI
.