Анчелоти на еден фудбалер му ја заврши кариерата во Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот Карло Анчелоти направи големи промени пред градското дерби со Атлетико Мадрид, а многу од поважните фудбалери останаа на клупата.

Анчелоти реши да ги одмори Куртоа, Карвахал, Менди, Модриќ, Валверде, Винисиус и Бенема, а шанса за игра добија некои играчи кои не се стандардни.

Меѓутоа еден фудбалер воопшто го немаше во составот, а станува збор за Иско, кој според официјалните податоци е болен и затоа отсуствува, но шпанските медиуми пишуваат дека тоа не е вистинската причина.

Пед неколку години кога Зинедин Зидан беше главен тренер Иско беше важен член на тимот, но во последните две сезони забележа голем пад и ова е крајот на неговата кариера во Реал.