Анчелоти на заминувањето од Реал Мадрид го „пецна“ Перез!?


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Карло Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид по четири години во неговиот втор мандат.

Иако Италијанецот го врати Реал на патеките на старата слава, освојувајќи две Лиги на шампионите и две титули во Ла Лига, по оваа сезона без освоен трофеј, Флорентино Перез одлучи да го отпушти Анчелоти.

Мадридските медиуми наведуваат дека Перез нема да го чека крајот на сезоната, туку дека оваа недела ќе ја објави разделбата со Анчелоти.

По поразот од Барселона, четврти оваа сезона, мадриѓаните заостануваат дури седум бодови зад најголемиот ривал, па каталонците може и математички да станат шампиони во четврток на стадионот на Еспањол.

По поразот од Барселона, Карло Анчелоти повеќепати нагласи дека на неговиот тим му недостигаа неколку одбранбени играчи, а медиумите го протолкуваа ова како јасна порака до Флорентино Перез. Познато е дека Анчелоти лани летото, а и зимава, бараше засилување во одбраната, но Флорентино Перез не ја исполни таа желба.

„Во вакви натпревари мораш и да напаѓаш и добро да се браниш, а ние бевме добри само во нападот. Сепак, не заборавајте дека игравме без пет одбранбени играчи, велам – петорица“, рече Анчелоти.

Фото: Принтскрин