Анчелоти налета на први проблеми во Мадрид: Три ѕвезди се кренаа против Италијанецот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид имаше солиден почеток на новата сезона во Ла Лига и се наоѓа на првото место на табелата, но „кралевите“ се соочуваат со проблеми во соблекувалната.

Тренерот Карло Анчелоти се соочи со тројца фудбалери на Реал, а тоа се Иско, Марсело и Марко Асенсио поради тоа што имаат мала минутажа.

Асенсио досега одигра само 68 минути, Марсело доби две минути на теренот, додека Иско доби 139 минути.

Ова предизвика побуна на овие играчи, кои би можеле наскоро да го напуштат шпанскиот гигант. Асенсио го посакува Милан, додека Марсело нема да бира премногу при неговата следна дестинација, а кај Иско проблем е големата плата на годишно ниво.