Анчелоти направи седум промени – ретко кој „преживеа“ (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид во 20. коло гостува кај Хетафе, а дуелот се игра од 21 часот, но пред истиот Карло Анчелоти направи седум промени во екипата.

Лунин остана на голот, а најголемо изненадување во нападот е Хоселу кој ќе игра покрај Винисиус Жуниор. Џуд Белингам по суспензијата повторно се врати во тимот, но Анчелоти направи промени во средниот ред.

Анчелоти ги избра Валверде, Чуамени и Модриќ, а тоа значи дека Камавинга, Крос и Брахим остануваат на клупата.

Менди се врати во првиот состав, а Лукас Васкез го исфрли Карвахал, додека Рудигер и Начо ќе играат на стоперските позиции.