Анчелоти не може да смета на осум ѕвезди за мечот против Наполи


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид в среда го пречекуваат Наполи, а Карло Анчелоти не може да смета на осум фудбалери.

Последен на листата со повредени играчи е Лука Модриќ, кој дефинитивно ќе го пропушти мечот против калчолигашот.

Пред Модриќ, се повредија Тибо Куртоа, Едер Милитао, Винисиус Жуниор, Едуардо Камавинга, Орелиен Чуамени, Арда Ѓулер и Кепа Аризабалага.

Реал Мадрид, сепак, е лидер во групата со 12 бодови, додека Наполи има само седум по четири одиграни меча.