Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Во последните денови се повеќе се шпекулира дека Реал Мадрид на крајот од сезоната ќе му се заблагодари на Карло Анчелоти за соработката, а наводно и Италијанецот се повеќе е свесен за тоа бидејќи веќе наводно нашол нов ангажман.
Анчелоти работи одлично откако се врати во Реал Мадрид пред неколку години, и повторно со овој клуб успеа да освои се што можеше.
Сепак, по нешто послабите резултати, статусот на Анчелоти во Реал повеќе не е толку сигурен, а особено тоа се промени по испаѓањето од Лигата на шампионите против Арсенал.
По поразот од Арсенал се појави информација дека тоа било пресудно во одлуката на Флорентино Перез на крајот од оваа сезона да го смени тренерот.
Иако Анчелоти веруваше дека и следната сезона ќе биде во Реал, изгледа дека и тој по поразот од Арсенал стана свесен дека тоа нема да се случи и се сврти кон нови предизвици и понуди кои ги има на маса.
Пред се тоа се однесува на репрезентацијата на Бразил бидејќи Бразилците веќе долго време го „бркаат“ италијанскиот тренер. Но, покрај тоа што неколкупати ги одби, тие не се откажале и изгледа дека конечно може да ја исполнат својата цел.
Шпанскиот лист „Релево“ наведува дека Бразилците и Анчелоти повторно воспоставиле контакт и дека Италијанецот никогаш не бил поблиску до клупата на Кариоките.
Фото: Реал Мадрид/ФБ