Анчелоти нема да добие отказ, но Реал Мадрид веќе разгледува опции


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти нема да добие отказ на крајот на сезоната без разлика на резултатите во новата сезона, но Реал Мадрид наводно веќе има список со потенцијални замени.

„Кралевите“ се подготвуваат за „план Б“ доколку Анчелоти реши да го напушти кормилото на крајот на сезоната 2024/25.

Едно од имињата кое се поврзува со „кралевите“ е Зинедин Зидан, додека втора опција е Раул Гонзалес.

Зидан го тренираше Реал Мадрид во два мандати, а притоа освои две титули во ла Лига и три пехари во Лигата на шампиони (ЛШ), но и други трофеи како европскиот Суперкуп, шпанскиот Суперкуп.