Анчелоти: Нема повеќе да се засилуваме, имаме подобар тим од минатата сезона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека неговата екипа е комплетна пред почетокот на новата сезона во која ќе ги брани титулите во Лигата на шампиони (ЛШ) и Ла Лига.

Италијанскиот стратег кажа дека шпанскиот гигант нема да купува повеќе засилувања во летниот преоден рок.

„Нашиот тим е комплетиран. Имаме многу добри фудбалери и подобар тим од минатата сезона. Зголемен е и интензитетот на тренинзите, очекуваме добра сезона“, кажа Анчелоти во разговор со новинарите.

Реал Мадрид летово ги ангажираше Антонио Рудигер и Орелиен Чуамени, откако претходно не успеа да го купи Килијан Мбапе, а не им успеаа ниту преговорите со Ерлинг Халанд.