Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид мора да се засилува оваа зима за да остане во конкуренција за титулата во Ла Лига, каде што во моментов води Барселона, а тренерот Карло Анчелоти веќе има неколку желби.
„Кралевите“ се заинтересирани за Џуд Белингам од Борусија Дортмунд, кој ќе чини над 100 милиони евра, но во меѓувреме луѓето на Флорентино Перез решија да испратат понуда за друг фудбалер, а тоа е Станислав Лоботка од Наполи.
Новинарот Санти Оуна објави дека Реал Мадрид испратил понуда од 70 милиони евра до Наполи за нивната ѕвезда, но мала е веројатноста дека лидерот во Серија А ќе се откаже од услугите на еден од најважните фудбалери.
Лоботка во минатото играше во Шпанија, и тоа за Селта Виго, но сега би можел повторно да се врати во Ла Лига.