Анчелоти: Немој да заборавите – Белингам има само 20 години!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти уште еднаш имаше пофални зборови за Џуд Белингам пред дербито со Манчестер сити.

Белингам за кратко време се прилагоди во тимот на „кралевите“, а Анчелоти посочи дека допрва доаѓа неговото време.

„Немој да заборавите, Белингам има само 20 години. Џуд е неверојатен фудбалер и ќе биде еден од најважните во иднина. Белингам е добар, силен и модерен играч“, кажа Анчелоти.