Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Италијанскиот стратег Карло Анчелоти денес го соопшти првиот список на репрезентацијата на Бразил откако беше избран за селектор и во центарот на вниманието е одлуката да не го повика Нејмар. Анчелоти објасни зошто Нејмар остана без покана, но му испрати и јасна порака за идни собири.
Анчелоти вечерва официјално потпиша договор со репрезентацијата на Бразил и беше претставен како нов селектор на оваа селекција, а веднаш потоа го соопшти и првиот список.
Бразилците на почетокот на јуни ги очекува продолжение на квалификациите за Светското првенство и натпревари против Еквадор и Парагвај, и неодамнешниот тренер на Реал Мадрид го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета во овие натпревари.
Иако штотуку пристигна на селекторската позиција, Анчелоти веќе успеа да предизвика лавина коментари од бразилската јавност поради фактот што не ги повика некои од ѕвездите.
Во прв план се најдоа Нејмар и Родриго кои не добија повици. Родриго остана без повик бидејќи е моментално повреден, и во договор со Анчелоти беше одлучено дека не ќе игра во наредните две натпревари.
Сепак, кога е во прашање Нејмар, многумина се надеваа на негово враќање бидејќи конечно почна да игра добро во дресот на Сантос, но и тој беше повреден и штотуку се врати на теренот.
„Верувам во Нејмар и секако сметам на него. Сакаме да се врати во што подобра форма и физички да биде максимално подготвен за Светското првенство. Можно е дека на наредниот собир ќе добие повик ако сè биде како што треба”.
Фото: Принтскрин