Анчелоти откри дали Реал Мадрид ќе ангажира нови засилувања


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти доби неколку засилувања во досегашниот дек од летниот преоден рок, а новинарите ги интересираше дали Реал Мадрид ќе ангажира уште неколку фудбалери.

„Кралевите“ имаат потреба од дефанзивец и поради тоа се шпекулираше дека ќе дојде некој искусен играч, но Анчелоти вели дека такво нешто нема да се случи.

„Тимот е комплетиран. Валјехо се врати, Алаба се рехабилитира, а ги имаме и младите Жоан, Јакобо и Реаул. Никој нема да замине затоа што сите сакаат да играат“, кажа Анчелоти.