Анчелоти откри детали за повредата на Бензема


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид тргна со триумф од 3-0 против Селтик во Лигата на шампиони (ЛШ), а головите ги постигнаа Винисиус Жуниор, Лука Модриќ и Еден Азар, но средбата ја одбележа и повредата на Карим Бензема.

Бензема мораше да го напушти фудбалскиот терен поради повреда на средината на првото полувреме, а на негово место на теренот влезе Азар.

„Првата проценка е дека не станува збор за сериозна повреда. Сè уште не знаеме дали повреден е мускулот или коленото“, кажа тренерот на клубот, Карло Анчелоти.

Францускиот напаѓач ќе оди на дополнителни прегледи во текот на денот, по што ќе биде познато колку време ќе паузира.