Анчелоти откри кој би можел да го наследи во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карло Анчелоти по вторпат работи како тренер на Реал Мадрид, а во изминатиот период сè погласни се шпекулациите дека ќе го напушти кормилото на гигантот.

Анчелоти има договор до крајот на сезоната, а со клупата на Реал се поврзуваат неколку други тренери, меѓу кои е и Чаби Алонсо кој одлично го предводи Баер Леверкузен.

За него зборуваше и Анчелоти, кој кажа само пофални зборови и смета дека би можел да го наследи во Мадрид.

„Не размислувам за својата иднина. Горд сум што во Бразил се зборува за мене. Ќе чекам до крај во Реал Мадрид. Што се однесува до Алонсо, тој беше одличен играч и има фантастична тренерска кариера. Може да го предводи Реал затоа што го познава клубот и има популарност“, вели Анчелоти.