Анчелоти откри што е клучот за успесите на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 4-2 против Наполи во петтото коло од групата Ц во Лигата на шампиони (ЛШ) и така продолжи со одличната форма.

Тренерот Карло Анчелоти беше среќен со новата победа на „кралскиот клуб“ и имаше пофални зборови за своите ѕвезди.

„Ова беше отворен меч за двете екипи и многу голови на двете страни. Мислам дека клучот за успехот е атмосферата во соблекувалната каде што фудбалерите се фокусирани и професионални“, кажа Анчелоти. Реал Мадрид запиша пет победи на пет одиграни меча во групната фаза на ЛШ.