Анчелоти откри што прави со незадоволните ѕвезди на Реал Мадрид


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид денеска игра против Барселона во „Ел Класико“ од 16.15 часот, а пред натпреварот тренерот Карло Анчелоти најави дека Џуд Белингам е сигурен стартер, додека место ќе има и за Тони Крос, додека Лука Модриќ останува на клупата.

Хрватот оваа сезона не добива голема минутажа, а Анчелоти кажа како се соочува со незадоволните ѕвезди кои остануваат на клупата.

„Како му објаснувам на Модриќ зошто е резерва? Тука сите се професионалци и не бараат објаснување. Јас сум тренер кој не дава објаснувања на тие што не играат во стартниот тим. Така функционирам со години. Мотивирани сме и одиме на победа“, кажа Анчелоти.