Анчелоти отпиша четири ѕвезди на Реал Мадрид


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти се врати минатото лето во Реал Мадрид и навивачите се задоволни со досегашните настапи на шпанскиот тим.

Анчелоти има интересен состав од фудбалери кои му се на располагање, но не можат сите да добијат шанса, па поради тоа некои се незадоволни и бараат поголема минутажа.

Шпанските медиуми пишуваат дека Еден Азар воопшто не е задоволен, но сака да остане, иако Анчелоти најверојатно го отпишал.

Покрај него се отпишани уште тројца фудбалери, а тоа се Иско, Лука Јовиќ и Хесус Ваљехо кои обично натпреварите ги почнуваат од клупата и шанса добиваат во завршницата.

Сепак, има уште време до јануари и Реал игра 11 натпревари дотогаш, па сите ќе имаат можност да го убедат дали треба да добијат нова шанса.