Анчелоти: Ова е најдобар тим кој сум го водел во кариерата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид по 11 кола не знае за пораз во шпанската Ла Лига, откако синоќа славеше против Севилја со 3-1 и така остана на шест бодови предност пред Барселона.

Екипата на Карло Анчелоти до прв гол стигна во петтата минута преку Лука Модриќ, а гостите се вратија во игра преку Ламела во 54. минута.

Сепак, „кралевите“ во завршницата ја скршија Севилја и победата ја запечатија Лукас Васкез во 79. минута и Феде Валверде само две минути подоцна.

„Замените ни донесоа многу добри работи. Мораме да го преживееме овој дел од сезоната до Светското првенство, а тоа значи ќе страдаме за да победуваме. Не знам дали ова е најквалитетната екипа, но знам дека е најдобриот тим кој сум го водел во кариерата“, вели Анчелоти.