Анчелоти по дебаклот: Не можевме да го пробиеме ѕидот на Барселона! (Видео)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Барселона со убедливи 3-0 славеше против Реал Мадрид во вчерашниот меч во Далас пред повеќе од 80.000 навивачи.

Каталонскиот гигант го постигна првиот гол во 14. минута на Дембеле, а останатите погодоци ги постигнаа Лопез и Торес.

Реал имаше добри шанси, но не искористи ниту една. Винисиус Жуниор во 20. минута промаши пенал и така потврди дека „кралевите“ имаа сериозен проблем во нападот.

„Кралевите“ на подготовките во САД претходно славеа против Манчестер јунајтед и Милан.