Анчелоти по скандалот со обложување: Фудбалерите треба да се лекуваат!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Главна тема во италијанската јавност е скандалот со обложување во кој се вклучени познати фудбалери како Сандро Тонали, Николо Ѕаниоло, Николо Фаџоли и уште неколку играчи.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше директен на оваа тема и кажа дека фудбалерите мора да се лекуваат.

„Тоа се големи грешки, треба да се лекуваат. Зависноста е лоша работа. За мене ова е личен неуспех и не треба да се претставува како дамка на целиот италијански фудбал. Треба да биде задоволена правдата и да бидат казнети лицата кои ги прекршиле правилата“, кажа Анчелоти.