Анчелоти подготвува потег по кој соблекувалната на Реал Мадрид нема да биде иста


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во Реал Мадрид моментално има целосен хаос по серијата повреди на важни фудбалери што му зададе дополнителни главоболки на Карло Анчелоти и мора да бара начини како тимот да го преброди овој тежок период.

Тешко е повреден Едер Милитао, а повреди заработија Лукас Васкез, Родриго, а од поодамна е надвор од конкуренција и Дани Карвахал.

Реал наредниот месец ќе биде и без Орелиен Чуамени, долго време е повреден Давид Алаба, така што Анчелоти мора да повлече потези кои не ги замислил порано.

Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти во првиот тим на Реал ќе го префрли Лоренцо Агуадо, 22-годишен десен бек кој игра за Реал Мадрид Кастиља, односно вториот тим на Реал.

Според пишувањата на шпанските медиуми италијанскиот стручњак сериозно размислува да го префрли и 17-годишниот дефанзивец Хесус Фортеа кој исто така чека свој деби во кралскиот клуб.

Во наредните натпревари, ростерот на Реал ќе биде доста различен, а сигурно Анчелоти не може да смета на шест првотимци, додека уште некои се под прашалник.

Тежок период за Реал кој можат да го „спасат“ момчињата од сенка, кои трпеливо ја чекаа својата шанса.