Анчелоти поминал два и пол часа во судница - ќе оди ли во затвор!?

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти присуствуваше на почетокот на судењето за затајување данок во Шпанија.

Шпанските обвинители го обвинија еден од најдобрите тренери на сите времиња дека во 2014 и 2015 година ја измамил државата за милион евра.

Тој помина два и пол часа во судница во Мадрид, пред да им каже на новинарите „дека сѐ е во ред“ и да влезе во автомобилот.

Државните обвинители бараат затворска казна до четири години и девет месеци за две точки на обвинение за даночна измама. Минатиот март, тие го обвинија 65-годишниот тренер дека користел лажни компании за да ја прикрие вистинската заработка.