Анчелоти: Поразот од Лил е добар за нас!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти смета дека поразот од Лил ќе значи будење за шпанскиот гигант Реал Мадрид.

„Кралевите“ беа во серија од 36 меча без пораз, но Лил успеа да го запре шпанскиот тим.

„Што се случи? Тие беа подобар противник и мора да научиме од тоа. Јасно е што треба да подобриме. Изгледаше како да имаме напредок и денеска се вративме чекор назад. Поразот е добар за нас. Ова е повик за будење затоа што одигравме многу лошо“, кажа Анчелоти.