Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Карло Анчелоти стана нов тренер на Реал Мадрид откако го напушти Евертон и потпиша тригодишен договор со шпанскиот тим.
Анчелоти се враќа на кормилото на тимот од Мадрид, каде што претходно работеше во период од 2013 до 2015 година, а еден од играчите кои ги водеше во тој период беше Алваро Мората.
Шпанскиот напаѓач не играше премногу кај Анчелоти, а на прашање на новинарите да го искоментира враќањето на Италијанецот, тој даде краток одговор.
„Не ми е гајле. Не ме интересира премногу, но тој е добар тренер за екипата. Тоа е најважно“, кажа Мората.
Мората е дете на тимот од Мадрид и двапати беше член на првиот тим, при што одигра 95 натпревари, а постигна 31 гол.
Во моментов е член на Атлетико Мадрид на позајмица во Јувентус, каде што најверојатно ќе остане и следната сезона, а играше и за Челси.