Анчелоти потврди дека е најдобриот тренер во историјата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти го освои петтиот пехар во Лигата на шампиони (ЛШ), откако Реал Мадрид славеше во финалето со 2-0 против Борусија Дортмунд.

Тренерот на „кралевите“ зад себе ги остави Зинедин Зидан и Пеп Гвардиола, кои имаат по три титули на оваа листа.

Анчелоти е рекордер и по број на финалиња во елитното натпреварување, откако ги предводеше своите екипи на шест дуели, а загуби само еден од нив.

Италијанецот остана и единствен тренер во историјата кој ги освоил сите првенства во топ-5 лигите во Европа.