Анчелоти потврди: Касемиро сака нов предизвик, не го убедував да остане…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид во сабота ќе се соочи против Селта виго, а тренерот Карло Анчелоти нема да смета на услугите на Бразилецот Касемиро, кој ќе се обиде да го комплетира трансферот во Манчестер јунајтед.

Анчелоти денеска се појави на прес-конференција на која потврди дека Касемиро сака нов предизвик во кариерата и ќе се пресели во англискиот гигант.

„Разговарав со Касемиро и ми кажа дека сака нов предизвик. Клубот ја разбира неговата желба. Водиме преговори и ништо не е официјално, но јасно е дека сака да замине од клубот. Ако постои договор, тогаш имаме играчи кои може да го заменат. Чуамени има квалитет, а го имаме и Камавинга“, кажа Анчелоти.