Анчелоти пред мечот во Берлин: Реал Мадрид секогаш е фаворит


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карло Анчелоти е задоволен од формата во која се наоѓа Реал Мадрид и откри дека владее одлична атмосфера во соблекувалната.

Италијанскиот тренер во разговор со медиумите кажа дека „кралевите“ ќе бркаат триумф во последното коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Го остваривме планот и го освоивме првото место во групата. Ни останува уште едно коло во Лигата на шампиони, а потоа ќе мислиме на Ла Лига. Реал е секогаш фаворит за трофејот, а тоа не е сменето ниту годинава. На мечот со Унион Берлин ќе настапат најподготвените“, кажа Анчелоти.