Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека во соблекувалната на Реал Мадрид има бунт поради Начо Фернандез.
Фудбалерите на „кралскиот клуб“ не се задоволни од тренерот Карло Анчелоти поради неговиот однос кон Начо.
Медиумите пишуваат дека Начо сака да ја заврши кариерата во Мадрид, но тоа во моментов не делува реално затоа што минутажата ќе го натера Шпанецот да замине од клубот.
Начо настапи на 14 натпревари оваа сезона и одигра само 642 минути, а Анчелоти не му дава поглема шанса затоа што повеќе им верува на Едер Милитао, Антонио Рудигер и Давид Алаба.