Анчелоти: Премиерлигата не е најсилна во светот!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Карло Анчелоти во разговор со медиумите кажа дека Премиерлигата не била најсилна лига во светот.

Анчелоти кажа дека неговата екипа сè уште не се пласирала во полуфинале на Лигата на шампиони, иако славеше со 2-0 против Челси.

„Мислам дека уште ништо не е готово. Местото меѓу најдобрите четири не е загарантирано ниту за Манчестер сити. Не би се сложил со тврдењата дека Премиерлигата е најсилна во светот. Мислам дека тоа е непочит кон останатите во Европа“, вели Анчелоти.