Анчелоти призна: Нема да најдам ништо подобро од Реал Мадрид!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти ќе остане на кормилото на Реал Мадрид уште една сезона, а во разговор со медиумите откри како се чувствува поради тоа.

„Кралевите“ немаа добра сезона, но Анчелоти ќе се обиде следната година да ги нападне сите титули.

„Јас сум силно поврзан со Европа. Ова е моето место и ќе останам во Мадрид. Во добри односи сум со Флорентино Перез. Немам намера да се пензионирам, нема да најдам ништо подобро од Реал Мадрид“, кажа Анчелоти.

Анчелоти беше голема желба на бразилската фудбалска федерација, која соопшти дека ќе го почека барем уште една година.