Анчелоти пронајде „нов дефанзивец“ по повредата на Алаба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти се соочи со нови проблеми во Реал Мадрид бидеќи се повреди Давид Алаба и го очекува пауза до крајот на годината.

Анчелоти кажа дека Реал во јануари би можел да купи ново засилување во одбраната, но во меѓувреме си најде „нов дефанзивец“ по повредата на Алаба.

Тренерот на „кралевите“ го издвои Орелиен Чуамени како добар избор за дефанзивец во следните недели.

„Чуамени ќе биде прва опција за централен дефанзивец од останатите играчи кои не се стопери. Секако дека не е прв избор за него да игра како стопер, но може да ни помогне во вакви ситуации“, кажа Анчелоти.